Припадниците на белградската и новосадската полиција во денешната координирана акција претресоа 50 станови, куќи и возила на наркодилери и приведоа 16 лица.
Првиот потпретседател на српската Влада, Александар Вучиќ, изјави дека за приведените има доволно докази за подигнување на обвиненија.
Во акцијата запленети се поголемо количество марихуана, наркотици и оружје.
– Со ова државата покажа дека не се плаши од никого и оти најсилните на белградскиот и на српскиот асфалт на ниту еден начин не можат да се мерат со силата, волјата и енергијата на државата – посочи Вучиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.