| четврток, 6 декември 2018 |

Британец го бара човекот кој го спречил неговото самоубиство (ВИДЕО)

Момчето Џони Бенџамин пред шест години дознал дека боледува од тешка болест па решил да скокне од мостот Ватерло во Лондон.

Додека Бенџамин стоел на мостот Вотерло и се подготвувал да скокне, му дошол еден странец и му го спасил животот.

-Ме замоли тоа да не го правам. Ми рече дека се може да се преброди и дека работите со време ќе се поправат. На крајот не повика на кафе да поразговараме- раскажа Бенџамин.

Денес, шест години подоцна, тој се уште успева да се носи до својата болест и се чувствува многу подобро, но непознатиот пријател никогаш не го заборавил. Акцијата која ја започнал „Се бара Мајк“ има за цел да се пронајде овој човек, на чие име за жал, Бенџамин не се сеќава.

-Беше прва личност која ми даде надеж. Неговите зборови го започнаа моето опоравување- рече тој, а приказната за Мајкл заинтригирала бројни британски медиуми кои се придружиле во порагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top