Поранешниот играч на Струмичка Беласица Филип Тимов од 25 Февруари ќе биде на проба во германскиот прволигаш Шалке 04 , објавува веб страницата на неговиот сегашен клуб Импулс Дилијан од Ерменија.
Дваесет годишниот крилен напаѓач замина во Ерменија пред една година и стана стандарден играч на ерменскиот тим за кого одигра 29 натпревари досега. Притоа Тимов постигнал 7 гола и асистирал при постигнување на три.
Тимов е член на македонската репрезентација до 21 година а беше член и на репрезентацијата до 19 години во 2011. Играл и во Словенија за тимот на Лука Копер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


