Српската полиција попладнево спроведува акција за апсење наркодилери на подрачјата на Белград и на Нови Сад, при што досега е извршен претрес на неколку објекти и се приведени повеќе лица, јави Танјуг.
Според полициски извори, станува збор за операција за апсење „крупни“ наркодилери во двата града.
Акцијата сѐ уште е во тек, а повеќе детали за неа се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


