Барселона за Бразилецот Нејмар платила 95, а не 57 милиони евра, како што претходно беше објавено, денеска пренесе магазинот „Мундо депортиво“.
Според пишувањата на шпанскиот спортски магазин, летниот трансфер на Нејмар бил најскапиот во историјата и е 38 милиони евра поголем отколку првичната сума која беше објавена.
Барселона за потписот на бразилскиот напаѓач платила 95 милиони евра, а не 57, колку што објави претседателот Сандро Росел – пренесува „Мундо“.
Договорот кој каталонскиот клуб го потпишал со бразилскиот фудбалер во кој е наведена сумата на трансферот, моментално се наоѓа во рацете на шпанското судство.
Како што пренесува „Мундо“ во тие документи детелно се прикажани податоците за милионските износи наменети за семејството Нејмар, кои досега беа криени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


