Иако сите српски медиуми ја пренесоа веста дека Даниел Кајмакоски од Македонија е фаворит и во првите две емисии во живо за него биле скоро 60 отсто од вкупниот број гласови, бројките покажуваат поинаку.
Според информациите на ТВ„Пакет“, иако Даниел е еден од четворицата фаворити, најголемиот број гласови, сепак, ги имаат тринаесетгодишната Илма Карахмет од Босна и српскиот кандидат Лукијан Ивановиќ.
Во најдобрата четворка покрај нив, се наоѓаат и Даниел и групата момчиња „Доктори“.
Според веб-сајтот, овие гласини се пуштени во медиумите за да му се наштети на македонскиот кандидат и на овој начин да се наведе публика да гласа помалку за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


