| четврток, 6 декември 2018 |

Чеси ќе ни судат против Исланд

rakomet euro 2014_1

Петтото делегирање од европската куќа на ракометот со нетрпение се очекуваше, откако РФМ јавно покажа незадоволство за начинот на кој белоруските судии си ја завршија работата на мечот против Унгарија. Овој пат чешки делители на правдата ќе го водат мечот од второто коло од четвртфиналната група во Хернинг меѓу Македонија и Исланд денска од 16 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.

Хорачек и Новотни ќе бидат на центарот во првиот термин, а делегат на ЕХФ е Финецот Арпонен. Контролор е Мигас од Грција, а резервни судии се Старк и Стефан од Романија. Мечот Австрија – Шпанија ќе го судат Гуско и Репкин од Белорусија, а последниот утрешен меч на Данска со Унгарија им е доверен на Крстиќ и Љубиќ од Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top