Французинката Мерион Ролан ја изненади конкуренцијата и ја освои титулата во женскиот спуст на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во австрискиот зимски центар Шладминг. 30-годишната Ролан имаше тежок пад на Игрите во Ванкувер во 2010. година и со скинати лигаменти на коленото безмалку ја имаше завршено кариерата, кога минатата сезона реши повторно да се врати и сега на Франција и го донесе второто злато во спуст на СП по тоа во Чиле во далечната 1960.година.
-Треба да си поставуваме цели за да бидеме среќни кога ќе ги остварите своите соништа. Не се сложувам дека победата е сензационална. Се чувствувам многу добро на оваа патека– изјави Ролан .
Вкупното време на Ролан беше 1,50,00 што беше за 16 стотинки подобро од Италијанката Надја Фанкини. трета заврши Германката Марија Риш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


