Во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија и платите на вработените во театрите, во Македонската филхармонија и во Македонската опера и балет за околу 60 отсто од претходно постојните. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Дом на АРМ.
Откако се увиде дека во минатото неправедно биле изоставувани и депресирани платите во секторот култура, појасни Груевски, без какви било притисоци, во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија платите во културата. Во соработка со СОНК, како што информира, се подготви Колективен договор за култура во кој се утврдени работни места кои ќе бидат исти за сите вработени во оваа област, во согласност со спецификата на установата.
– Со тоа секој вработен во културата, за исто работно место ќе добие иста плата – појасни Груевски. Со последните законски измени, како што рече, се овозможи и субвенционирање со цел стимулирање и создавање домашна музичка продукција.
Премиерот Груевски потсети дека со Законот за медиуми се воведува одреден број часови задолжително емитување на домашна музика и домашна играна продукција и додаде оти ќе продолжи поддршката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.