| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите административци ќе добијат бонус плата

На денешното обраќање пред синдикатите премиерот Никола Груевски истакна дека со Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни служеници Македонија ќе стане посилна, понапредна и помодерна држава и дека со новите закони се оневозможува поништување на конкурсите во ситуација кога не се квалификувале оние кандидати кои ги посакувале надлежните лица во одредени институции.

– Овие закони ќе овозможат суштинска реформа на јавниот сектор и ќе значат деполитизација на администрацијата. Во неа ќе се влегува и напредува врз знаење и вештини на поединецот. За секое работно место ќе може секој да аплицира во рамки на својата стручност – рече Груевски.

Тој додаде дека новите закони ќе овозможат суштинска реформа во јавниот сектор.

– Минималните права и должности ќе бидат утврдени за сите вработени во јавниот сектор, а ќе се воведе и регистар за сите податоци на вработени во јавниот сектор – истакна премиерот.

Првпат ќе биде воведен и  целосен систем за управување со учинок, што за службениците ќе претставува мотицивација за унапредување на нивната работа, а бонус од една плата ќе добијат петте највисоко оценети службеници, додека петте најслабо оценети административци ќе имаат санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top