| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајците во Македонија со повисоки плати

policija

Полицајците во Македонија ќе добијат повисоки плати. Зголемувањето на платите ќе биде направено етапно. Ова го најави премиерот Никола Груевски денеска. Тој соопшти дека Владата, во соработка со синдикатот, ќе изработи повеќегодишна стратегија за да се реши проблемот со платите.

Груевски наброја и низа други мерки спроведени за вработените во МВР.

Во областа на безбедноста и подобрување на статусот на вработените во МВР се овозможи одење во пензија со 40 години стаж. Пензијата се одредува како 80 отсто од последната плата. Вработените користат неплатено отсуство од максимум 2 години за стручно усовршување. Вработените во МВР имаат право на бесплатна правна помош. Тие нема да бидат распределени за време на боледување, породилно отсуство. Полицајците добија право да извршуваат дополнителни работи кои не се во судир со нивната работа. Имаат можност за учество во мировни мисии. Има транспарентен начин на избирање командири на полициски станици. Вработените во МВР земаат дневница за работа во неработни денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top