Далас го имаше ветеранот Шон Мерион со 26 поена и 11 скока за победа со многу поени против Голден Стејт од 116-91, а Филаделфија во дуелот со слаба реализација и црвсти одбрани се потпре на центарот Левој Ален кој имаше 14 коша и 22 фатени топки за успех со Шарлот од 87-76. Двете екипи се уште имаат шанси за разигрувањето, но на победите од предходната ноќ мора да врзат уште неоколку во најскоро време.
Таква серија веќе има, во тек е, екипата на Денвер и затоа е во фокусот по НБА ноќта во која имаше само пет натпревари, а не настапи нуту една од водечките. Нагетси против Кливленд славеа со 111-103 што е нивни деветти триумф во низа по што тие го истиснаа Мемфис и се искачија на четврттото во западната конференција зад Сан Антонио, Оклахома и Клиперси. Рецептот на Денвер за успех во Квикен Лоунс арена е тој од почетокот на сезоната и предвидува разновидност. Така и утринава дури осумнина беа двоцифрени, а Галинари беше најефикасен со 19 поена.
Резултати:
Кливленд – Денвер 103-111
Филаделфија – Шарлот 87-76
Далас – Голден Стејт 116-91
Милвоки – Детроит 100-105
Сакраменто – Јута 120-109
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


