Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вели дека без разлика дали се пасивните и активни баратели на работа, ниеден нема да биде избришан од евиденција.
-Сакаме да ги мотивираме невработените лица да продолжат да се евидентираат во Агенцијата соодветно на своето убедување дали сакаат активно да бараат работа или не. Едноставно ќе се почитува нивната волја без разлика дали ќе се пријават како активни или пасивни баратели на работа, ние ќе им овозможиме остварување на сите права, гарантирани со уставот и законите, рече Ристовски.
Ристовски истакна дека ниту едно лице нема да биде избришано од евиденцијата и нема да изгуби ниту едно социјално право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


