Сите живееме во оваа земја, сите се залагаме за подобар стандард, економски раст и развој и нови работни места. Како што имаме заеднички успеси имаме и заеднички предизвици и грижи, потенцираше премиерот Никола Груевски на денешното обраќање пред претставници на синдикатите.
– Во 2006 година на парламентарни избори првпат ја добив довербата да бидам премиер. Се деклариравме како влада-партнер на синдикатот и заштита на работничките права. Најдобрата социјална политика е отворањето на нови работни места. Секогаш внимававме да не ги загрозиме приватните фирми и работните места. Во 2008 и 2011 година откако се виде дека ветеното го остваривме, граѓаните ги потврдија довербите во нашите политики. Довербата беше уште поголема обврска од нас. Да го засилиме темпото на работа, особено во сегментот за работниците и вработувањата. Работниците, работничките права, вработувањата се наш приоритет – рече премиерот.
Тој говореше и за големите реформи направени во овој сектор. Наброја исполнети ветувања, но и важни мерки кои не беа ветени, а оставрени.
– Се зголемија платите во јавната администрација. Со новите економски политики, со намалување на даноците, успеавме со помалку даноци да прибереме во Буџетот повеќе пари од претходно. Потврдувам, годинава вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од 5 отсто од септемвриската плата – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.