| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на балканска музика во „Икс-фактор“

Вторник, 21 часот, е веќе добро познатиот термин на емитување на „Икс-фактор“. Продуцентите на шоуто за третата емисија во живо одлучија тематска вечер со музика од овие простори.

– Верувам дека понудената тема е посебен предизвик за натпреварувачите да дадат максимум во интерпретацијата. Музиката нема ни територијални ни национални граници, но емоцијата на песните е секогаш на страната на онај изведувач кој пее на својот јазик – изјави Жељко Јоксимовиќ, кој бил еден од менторите кои најмногу инсистирале за што повеќе балканска музика во шоуто.

Кристина Ковач, пак, и овој пат со сосема спротвино мислење од него. Членката на жирито задолжена за групите вели дека секогаш има проблем со одбирање на соодветни домашни песни за нејзините кандидати.

Сепак, на крај, Кристина одбра позната балада за „Докторите“, емотивна песна за Фифи и Маринела и популарна поп-рок песна за „4U“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top