| четврток, 6 декември 2018 |

Русите се капеа на Водици на -45 степени (видео)

rusija

Традиционалното прославување на православниот празник Крштение Господово, Водици се славеше во целиот православен свет. Во Русија речиси 94.000 луѓе се капеа во студените води на реките и езерата пркосејќи им на екстремно ниските тепмератури во некои делови на земјата.

Убедливо најхрабри беа капачите во Јакутиа, место на далечниот Исток, каде што традиционалното трикратно нурнување во водата на реката Лена го правеа на надворешна температура од -45 степени Целзусови.

Сепак, верниците немаа никакви поплаки при вршењето на верскиот ритуал.

– Воопшто не сум загрижен. Ова е петта година како се капам за празникот. Чувството е прекрасно. Можам да кажам како да сум се родил повторно. Никогаш не сум се разболел по капењето. Се е перфектно, вели еден од жителите на ова место.

Како изгледа капење на минус 45 степени, погледнете тука.

Во Москва пак, капењето во споредба со Јакутиа беше вистинско уживање на минус 20 степени. Ритуалот го направи и репортерката на РТ која неверојатно храбро влезе во водата. Сепак по излегувањето од водата немаше доволно сила да проговори. Погледнете како изгледаше сето тоа. 

Moscow, in comparison to Yakutia, enjoyed a much milder -20C frost, and around 90,000 took a dip, Interfax reported police as saying.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top