| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа тајфа 18 години по ред го фаќа крстот во Охрид

ohrigani vodici

Шестмина жители на охридско Варош, осуманесет години по ред го вадат Чесниот крст од водите на Охридското езеро.

Како што пишува Охриднет, двајца од нив, Митко Топенчаров и Јован Бабачев го фатиле светиот крст по пет пати. Јован Рилкоски кој прв пат го фатил крстот на 14 години, потоа уште три пати се радувал. Годишениот фаќач на крстот Петар Рупески втор пат успеа во намерата, а Драган Наумов и Јован Делов по еднаш.

Традиционално како и секоја година крстот од Варош тргнува токму од домот на Митко Топенчаров. Тајфата која го фаќа крстот традицијата ја продолжува со црковната празнична песна “Во Јордание”…. и греана ракија а потоа крстот патува до сите христијански домови каде се бакнува за бериќет,здравје и среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top