| четврток, 6 декември 2018 |

Крст со македонски рубин, подарок ор претседателот на дојранскиот верник Стамов

risto

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и претставници на дипломатскиот кор акредитирани во земјата, денеска во Нов Дојран, присуствуваа на осветувањето на водата и фрлањето на светиот крст во Дојранското Езеро, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.Церемонијата се одржа на познатата дојранска плажа „Калдрма”, а најсреќен меѓу петнаесетината што се пуштија по светиот крст беше Ристо Стамов од дојранското село Николич. Тој од претседателот Иванов доби подарок крст со македонски рубин.

– Ова ми е втор пат како го фаќам светиот крст. Првиот пат пред две години ми донесе вработување,а сега сакам да ми донесе здравје,среќа и бериќет.Со тој благослов ќе го носам светиот крст во сите христијански домови во општина Дојран,рече славоносецот Ристо Стамов. Дводневниот престој на шефот на државата Иванов и дипломатите на југоистокот од земјата заврши денеска со прошетката по крајбрежјето на Дојранското Езеро.

stamov

Претседателот на Иванов и претставниците на дипломатскиот кор денеска, порано, во Гевгелија присуствуваа и на презентацијата на инвестициските можности на општините од југоисточниот регион.

ikona
Во организација на општина Гевгелија, инвестициските можности пред шефот на државата Иванов и неговите гости ги претставија градоначалниците на Гевгелија Иван Франгов, на Богданци Анастасија Олумчева, на Дојран Борче Стамов и градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски.

Иванов и дипломатите во Гевгелија ја посетија и националната установа Музеј на општина Гевгелија, како и реновираниот споменик на културата, Амамот, во кој е сместена ликовната галерија на Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top