
Велко Марковски ќе настапи на натпреварот против Исланд на ЕП во Данска. И покрај повредата на која се пожали, Марковски утре ќе се обиде да му помогне на македонскиот ракометен репрезентативен состав во вториот меч од втората фаза од ова првенство. Марковски, кој е еден од клучните ограчи во нашата одбрана по првиот дел од вчерашниот меч против Унгарија се пожали на болки на грбот. Лекарите побараа итна контрола откако му се појави хематом на горниот дел од `рбетот. Установено е дека не се работи за сериозна повреда, по пто е дозволено Марковски да се најде во составот за утрешниот меч.
Сѐ уште е неизвесен настапот на левото крило, Гоце Ојлевски, кој има дисторзија на скочниот зглоб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


