
Средношколецот Александар Мицевски, ученик во средното медицинско училиште во Струга го фати крстот во Дебар кадесе одбележува големиот христијански празник Богојавление-Водици. Богојавленска литургија во црквата „Света Петка“ утрото одржа намесникот на дебарската парохија Благоја Спировски. Мицевски е од Охрид, но родум од Дебар. Покрај него, по светиот крст се фрли и Мартин Милошевски.
Традиционално, празникот Богојавление се слави и во селата Мелничани и Горенци, каде денеска има голем број верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


