
Те сакам – зборови кои секој сака да ги слушне, зборови кои знаат да стоплат сечие срце, зборови кои можат да ја зацврстат Вашата врска… Но само кога се изговорени искрено… Анкетите и истражувањата покажуваат дека овие зборови се употребуваат пречесто, односно се изговараат и тогаш кога некој не мисли искрено.
Анкетата на Guy Survey, која се спроведува од 1995 година, вели дека машките се склони кон изјавување љубов по неколку алкохоли пијалаци или за време на секс и дека после тоа најчесто се каат. Дури 56% од 1000 испитаници немаат подобро објаснување за тој „ вербален испад “, освен признанието дека тоа случајно им излетало. Од нив 23% ги изговараат „ магичните зборови“ поради алкохолизираната состојба, а 13% за време на секс.
Анкетата открива и дека во 56% од случаите мажите се тие кои први кажуваат „ те сакам “, односно дека 68% од нив бараат сериозна врска.
Што е со жените? Време е за нова анкета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


