Поројните дождови во италијанската покраина Лигурија во северниот дел на земјата предизвикаа лизгање на земјиштето, поради што од своите домови беа евакуирани 200 лица, а илјада останаа отсечени во едно изолирано планинско место, јавија италијанските медиуми. Во таа област дојде до голем метеж и застој во патниот и железничкиот сообраќај, а еден дел од „Виа Аурелиј“, староримскиот пат, кој ги спојува Рим со француската граница е затворен за сообраќај поради одрони на повеќе места.
– Ситуацијата навистина е критична, изјави регионалниот претставник на италијанската Агенција за цивилна заштита, Ренато Бријано.
Покраината Лигурија често пати е погодувана од невреме, а нејзината престолнина Џенова во ноември 2011 годна ја погоди поплава, во која загинаа шест лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


