| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Статус кво состојбата не нѐ обесхрабрува, ќе ги спроведуваме европските вредности

pretsedatel-ivanov-2

Статус кво состојбата во поглед на евроинтеграциите не не обесхрабрува и цврсто сме решени да ги спроведуваме европските вредности, стандарди и критериуми за доброто на нашите граѓани, затоа што на тој наш пат за партнери ги имаме Европскиот парламент, Европската комисија и се побројните земји-членки кои ја поддржуваат европската иднина на Македонија – истакна претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов синоќа во Гевгелија на традиционалниот прием што го приреди по повод Новогодишните и Божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија.

Тој оцени дека, оставајќи го зад себе турболентното време на изолација, поделби и конфликти, регионот навлегува во период кога ќе имаме промени на подобро, и дека во ваква реалност нема место за политичари со затворени умови, чии политики се само моментални состојби и не се одраз на интересите на граѓаните и на пошироките интереси.

– Токму затоа од Гевгелија, од овој пограничен град, сакам да упатам покана до нашиот јужен сосед за соработка и заемна поддршка, онака како што тоа секојдневно го прават нашите граѓани и општества, рече шефот на државата.

Во своето обраќање, Иванов потенцира дека со задоволство ги поздравува дипломатите во Гевгелија, градот чиј дух на гостопримство е вткаен и во неговото име.

– Вие придонесувате за унапредување и развој на односите на Република Македонија со вашите земји. Не само политичките, трговските и економските туку и културните, научните и образовните односи. Но, пред се, меѓучовечките односи втемелени врз споделените вредности и принципи. Вашиот придонес е навистина многу значаен и јас лично многу ви благодарам и ве охрабрувам да продолжите со вашиот ангажман во што ќе ја имате, како и досега, нашата целосна поддршка, истакна претседателот Иванов.

Во име на претставниците на дипломатскиот кор, за пригодниот прием и новогодишните честитки се заблагодари британскиот амбасадот Кристофер Ивон, кој им посака среќна Нова година на претседателот Иванов и неговото семејство како и на сите граѓани на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top