
Облачно време со повремен дожд. Во првиот дел од денот дождот ќе започне во западните краеви, а подоцна истиот ќе се рашири кон истокот од земјава. Врнежите нема да имаат некој позначителен интензитет. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува претежно од југоисток.
Според прогнозата на Метеопро дневниот максимум ќе достигне вредност околу 9°С во котлините, а во југоисточниот крај до 13°С. На повисоките места максималната ќе достигне околу 9°С. Во Скопскиот регион дождот ќе повеќе ќе биде застапен во вториот дел од денот. Максималната температура ќе достигне вредност околу 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


