| четврток, 6 декември 2018 |

Над 200 капачи ќе скокаат по крстот во Вардар

vodiciНад 200 граѓани ќе скокаат по осветениот крст во водите на Вардар. Меѓу нив има и неколку малолетници кои за прв пат ќе учествуваат но и такви кои со години ја негуваат оваа традиција. Сите капачи мора да имаат потврда од спортска медицина. За манифестацијата на самото место ќе бидат распределени 3 екипи на Брза помош. Три тима за прва помош обезбедува и Црвениот крст од каде им порачуваат на сите што ќе скокааат да имаат соодветни обувки за заштита од повреди. Воедно на сите капачи им е укажано да не консумираат голема количина на алкохол и да не влегуваат предвреме во водата за да не дојде до хипотермички удари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top