| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската опозиција ќе учествува на мировната конференција во Швајцарија

asad sirijaГлавната опозициска коалиција, поддржана од Западот, ќе учествува во меѓународната мировна конференција Женева-2, која почнува во среда во швајцарскиот град Монтре и која има цел да се стави крај на граѓанската војна во Сирија.

Сириската национална коалиција соопшти дека на нејзиното Генерално собрание во Истанбул од 73. делегати, 58 гласале за учество во мировната конференција, 14 се изјасниле „против“, а еден пуштил празно гласачко ливче.

Владата на претседателот Башар ал Асад веќе даде согласност да испрати претставници на конференцијата.

Сириската национална коалиција беше формирана во ноември 2012 година во Доха со цел да го собори режимот на Асад и да формира преодни органи на власта во Сирија. Нејзиното седиште е во Турција, а има претставници и во Франција, Германија, Унгарија, Велика Британија и Катар. Нејзин претседател е Ахмед Џарба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top