МЗТ Скопје Аеродром загуби од Цедевита со 75:81 во 17-тото коло во АБА лигата. Кошаркарите на МЗТ, со 19:19, 21:14, 18:23, 17:25 против Цедевита го забележа третиот сезонски пораз на домашен терен. Гостите од Загреб победија со присебност и добра реализација во последните три минути од натпреварот.
Тодор Гечевски со 15 поени го предводеше тимот на МЗТ, а со двоцифрен број на поени нечот го завршија уште Ѓорѓи Чековски (13) и Дамјан Стојановски (11), додека уште тројца играчи постигнаа по осум поени.
Смит и Билан со 15, односно Нуркиќ со 13 поени ја предводеа Цедевита до 13-та победа во АБА лигата.
На 27.јануари, МЗТ ќе му гостува на Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


