По германски, романски и француски пар, на Македонија ќе им судат Белоруси. Имено за мечот со Унгарија, кој за нас значи четврт официјален меч во Данска, делегирани се Гуско и Репкин, кои судеа на само еден натпревар до сега на турнирот.
Делегат на ЕХФ е Коељо од Португалија, а контролор гркот Мигас. Резервен пар се Столаровс и Лицис од Летонија. Мечот Исланд – Австрија ќе го водат Старк и Стефан од Романија, а големиот дуел на европскиот и светскиот првак, Данска против Шпанија, доверен им е на србите Николиќ и Стојковиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


