Руската федерална миграциона служба (ФМС) привела 33 работници од Србија, кои работеле на градилиште во Сочи, а за тоа немале документи, дознава „Бета“.
Работниците кои вчера биле приведени, и понатаму се наоѓаат во притвор. Со нив во контакт е амбасадата на Србија во Москва. Дипломатски извои навеле дека не ги знаат точните околности под кои се приведени, и додале дека во контрола на градилиштето не се приведени само српски, туку и државјани од други земји.
Засега не е јасно какви мерки ќе преземе руската страна кон српските работници, но може да се очекува, во рамки на руските закони, тие да бидат депортирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.