| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија сепак ќе учествува на „Евровизија“

Словенската радиодифузија вчера објави дека и покрај претходните спротивставени мислења, земјата сепак ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија 2014“ во Копенхаген, Данска.

– По проверка на интересот на спонзорите за проектот „Евровизија 2014“ и врз основа на фактот што програмските содржини поврзани со него се доста популарни кај слушателите и гледачите, одлучивме сепак да учествуваме и натпреваруваме – вели словенечката радио и телевизија во соопштението за печатот.

Детали ќе бидат соопштени подоцна.

Инаку, ждрепката за тоа кој кога ќе настапува во двете полуфинални вечери, ќе се одржи овој понеделник, на 20. јануари во Градското собрание во Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top