
Американскиот претседател Барак Обама ја објави забраната за прислушкување на челниците на земјите кои се блиски пријатели или сојузници на САД. Тој сака да го ограничи и поседувањето на големите колекции телефонски исписи, таканаречени метаподатоци.
Станува збор за претседатели на неколку десетици држави.
Сево ова се прави за да се изгладат нарушените односи меѓу САД и Германија, по откритието дека Американската агенција на национална сигурност ја прислушкувала канцеларката Ангела Меркел.
– Реформите кои денеска ги предлагам би требало да им влеат поголема доверба на Американците, аико службите за известување и за безбедност ќе ги задржат методите кои се неопходни за да бидеме сигурни – изјави Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


