Кинеската Ју Јоузен (54) чисти улици иако е милионерка. Таа има богатство од 1,2 милиони евра, но тоа не ја спречува да си ја работи работата, а тоа е да чисти улици. Нејзината месечна плата изнесува 169 евра. Иако е милионерка, таа не планира да ја напушти работата и да ужива во парите. Одлучи да им биде добар пример на своите деца.
– Човекот не мора да работи само за пари. Тој работи за да биде фокусиран. Мрзливоста е многу лоша навика. Јас сакам да им бидам пример на своите деца и не сакам да седам дома и да го трошам богатството – изјави Ју.
Таа се збогатила откако на државата ѝ продала земја, а потоа парите ги вложила во недвижности, така што одлично заработува од изнајмување.
Не планира да не работи, иако 40 години работела како фармерка, куварка, возач на камион и чистачка. Се буди во 3 часот наутро шест дена во неделата, ја облекува својата портокалова јакна, ги празни кантите со ѓубре и ги чисти улиците на градот Вухан. Нејзниот шеф изјави дека за 14 години никогаш не задоцнила на работа, а била отсустна само три дена поради погреб на својот татко и свекрва ѝ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.