Компанијата „АДИНГ“ АД Скопје доби А-дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Добивањето на А – интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со стандардите на Европската Унија, соопштија од компанијата.
„АДИНГ“ е македонска компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, основана во 1969 година, а како еден од приоритетите на компанија е и грижата за животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.