| четврток, 6 декември 2018 |

Бохуслав Соботка е нов премиер на Чешка

Чешкиот претседател Милош Земан го именува лидерот на Чешката социјалдемократска партија  Бохуслав Соботка за премиер и му го довери мандатот за состав на новата Влада.

Составот на новата Влада е веќе договорен од тројната коалиција на Социјалдемократите, движењето АНО- 2011 и Христијанската и демократска унија – Чехословачка народна партија кои во Парламентот ќе имаат поддршка од 111 пратеници.

Претходно, претседателот Земан откако од Соботка ги доби имињата на идните министри изјави дека не се согласува со именувањето на некои од нив за кои смета дека немаат искуство во ресорите кои треба да ги водат.

Идната недела Земан најави средби со кандидатите за министри, а именувањето се очекува до крајот на јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top