Предраг Самарџиски имаше 9 поени и шест скока во полуфиналната куп победа на неговата Црвена Звезда против Раднички (К) во која црвено-белите славеа со 90-64. Самиот резултат потврдува дека немало незивесност во салата Језеро во Крагуевац и дека фаворитот до финалето стасал лесно.
Тоа што мечот на двете екипи кои играат во Јадранската лига бил решен многу пред крајот, му овозможило на тренерот Влада Вукоичиќ да го одмора носечкиот дел од тимот, па и нашиот центар, и да ги сочува за финалето против некогашниот тим на Самарџиски, Партизан кој имаше многу потешка задача против Мега Визура, но славеше со 87-77.
Финалето од турнирот Радивоје Кораќ е вечерва од 21 часот, а нашиот Самарџиски има несекојдневна шанса да стане носител на трофеи со двата најдобри кошаркарски колективи кај северниот сосед откако пред 8 години дојде до титула со Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст