Членовите на опозицијата, кои деновиве повторно најавуваат дека на Македонија наскоро пак ќе ѝ се случува улица поради недостигот од разум кај власта, мора да размислат добро пред да ги спроведат најавите. Опозицијата има легитимно право да се бори за правда за својот истакнат член Шиповиќ, дури во обидот тој да се извади од затвор, може да блокира улици, да врши притисок врз судството, да протестира пред затворот во Шутка. Не смее да прави само една работа, по ниедна цена не смее да го блокира процесот што почна во моментот кога беше постигнат договорот во март минатата година, со кој партиите се согласија политичката битка да се води во Собранието наместо на улица. Заклучоците што двете најголеми и најзакрвени партии ги усвоија во комисијата за 24 декември, без разлика како тие подоцна беа оценувани или делегитимирани, мора да бидат спроведени. И ВМРО-ДПМНЕ истите ги спореди пред јавноста со тоалетна хартија, но тие во реалноста се единствени валидни и од нив никој досега формално не се откажал. Како што на владејачката партија ќе ѝ биде тешко да објасни зошто не би ги почитувала, така и на опозицијата ќе ѝ биде извонредно мачно да објасни дека поради една личност, за која сѐ уште нема судска пресуда, го блокира политичкиот дијалог кој треба да се води во политички наместо во судски инстанци, а притоа договорот за него е постигнат со посредство на европски емисари.
Целиот текст може да го причитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 17 јануари 2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст