| четврток, 6 декември 2018 |

И Вардар Про немоќен кај Брест Мешков

Со победата од 30-27 Белорусите ги прескокнаа на табелата двата македонски претставника

Ракометарите на Вардар Про загубија во Белорусија кај Брест Мешков со 30-27 и паднаа на четвртото место во СЕХА лигата. Освен третиот пораз во 12.средби за црвено црните проблем за македонскиот ракомет е и тоа што Брест по двата триумфа во седум дена против нашите претставници, ги прескокна на табелата со тоа што сега има бод повеќе од Металург и два од Вардар Про.

Освен мечот во Мешков денеска се одигра и дуелот Ловќен-Борац (БЛ) 31-27 по што и црногорците како и петтотпласираниот Нексе стануваат кандидати за FINAL FOUR турнирот за чија организација Ракометната федерација на Македонија е живо заинтересирана.

 

Резултати:

Брест Мешков-Вардар Про 30-27

Ловќен-Борац (БЛ) 31-27

Табела:

1.Загреб 25

2. Мешков Брест 25

3. Металург 24

4. Вардар Про 23

5. Нексе 22

6. Ловќен 20

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top