| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира и козервира црквата „Св.Ѓорѓија“ во Курбиново

Црквата „Св.Ѓорѓија“ во преспанското село Курбиново, прогласена за споменик на културата уште од 1952 година, како едно од врвните остварувања на источно-христијанската култура, е еден од годинешните приоритети за реконструкција и конзервација.Екипите на НУ Завод и Музеј-Битола постојано се на терен, ја следат ситуацијата со сите споменици на култура и утврдиле дека црквата „Св.Ѓорѓија“ треба брзо да се санира затоа што нејзините оштетувања се евидентни, а посебно биле нарушени во делот на статичката состојба предизвикана од земјотрес.

– Значењето на овој споменик е многу големо и затоа оваа година врвен приоритет на Министерството за култура и НУ Завод и Музеј-Битола ќе биде реконструкцијата на црквата во селото Курбиново. Во текот на оваа година ќе се направи конструктивно зајакнување на архитектурата, ќе се промени покривот на црквата и ќе се исчисти и конзервира фрескоживописот. За целосна реализација на овој значаен проект обезбедени се шест милиони денари и притоа ќе бидат вклучени врвни македонски експерти, истакна директорката Љиљана Христова.

Црквата „Св.Ѓорѓија“ во ресенското село Курбиново со претстојната реконструкција ќе биде во целост заштитена во внатрешниот и надворешниот дел за што ќе бидат применети современи техники и методи, а се со единствена цел лузните кои останале врз црквата да бидат што помали и понезабележливи, со што спомениците ќе ги предадеме на идните генерации во подобра состојба, посочија експертите на НУ Завод и Музеј-Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top