| четврток, 6 декември 2018 |

Две трудници се борат за живот поради грипот

Шеесет и седум годишна велешанка завчера почина од грип, а во тешка состојба се најмалку уште 50 лица. Меѓу заразените има и две трудници кои во тешка состојба и се борат за живот на интензивниот оддел, информираат од Kлиниката и Министерството за здравство, соопштувајќи дека кај првата жртва од грип бил потврден вирус од типот А (Х3Н2).

– Се зголемува бројот на пациентите со грип – од 100 хоспитализирани на клиниката, 50 се со грип, а кај нас се примаат тие во тешка состојба и со компликации. Сега двајца се на апарат за дишење. Во јануари имавме пет трудници заболени од грип, а две се с` уште на интензивна нега. Вирусот од типот А (Х3Н2) е присутен со години, а во сезона на грип може да даде потежок клинички израз отколку другите типови вирусна инфлуенца А, директорот на Kлиниката за инфективни болести – Ѕвонко Миленковиќ.

Досега се регистрирани 1.941 лица кои се заболени од грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top