Вчера попладне по 17 часот, кај старата автобуска станица во Битола кај Комплекс Банки, директорот на „Македонска пошта“ во Битола, Евдал Акифи направил вистински неред и вандализам, пренесува локалниот веб-сајт „Шеталиште“.
Сцената која наликувала на каубојски филм започнала кога директорот одбил да го плати билетот за паркинг. Наместо тоа, Акифи го зел билетот од влезниот терминал и заминал на излезната рампа, чекајќи истата да се отвори, без да плати.
Откако вработената во „Градски паркинзи“ потенцирала дека мора да се плати за да биде поништен билетот, Акифи рекол дека нема зошто тој да плаќа, па со својот автомобил „шкода“ поминал преку рампата, оштетувајќи ја.
Откако ја искршил, на вработените во „Градски паркинзи“, кои биле таму, им рекол дека ќе го земе камионот за да им покаже кој треба да плати за паркинг.
Набргу потоа се вратил на местото со службеното комбе и со голема брзина поминал преку влезната рампа и ја оштетил, па продолжил кон излезната и ја докршил.
За крај, директорот со голема брзина, враќајќи се во рикверц го удрил и терминалот со што го искршил, исто како и рампата.
Полицијата веднаш пристигнала на местото, но Акифи се вратил уште еднаш и пред очите на шест службени лица од МВР, му наредил на неговиот вработен – шофер на камионот да оди во рикверц и повторно да удри на влезниот терминал, со цел да им покаже на полицајците дека наплатната рампа му смета.
Во случајот се инволвирани три службени возила и двајца возачи, од кои едниот е директорот на „Македонска пошта- Битола, Евдал Акифи.
Рампата за наплаќање на паркингот кај „Македонска пошта“ беше поставена неодамна, а тоа е единствениот службен влез каде цело време мора непречено да се одвива излегувањето и влегувањето на службените возиа на поштата.
Пофеќе фото на „Шеталиште“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


