Американската поп-дива Бијонсе за Нова година со ќерката Блу Ајви уживале во луксузна купка во када наполнета со 1.000 литри вода „Евијан“ Тоа задоволство во еден хотел во Мајами ја чинело пејачката дури 10.000 долари, 5.000 долари за водата и 5.000 долари за хотелската услуга, објави „Плус инфо“.
Иако многумина ќе помислат дека причината за оваа лудост е недораснатото расфрлање со пари на Бијонсе, сепак како што потенцирала таа, водата „Евијан“ имала лековити својства. Слични купки со оваа вода користат и голем број славни личности меѓи кои Бритни Спирс и Серена Вилијамс.
Персоналот на хотелот кадата полна со природна минерална вода ја украсиле со бели цветови, а атмосферата ја разубавиле со мирисни свеќи. Магазинот „Нау“ преенсува дека Бијонсе со сопругот Џеј Зи за Нова година организирала раскошна забава, на која присуствувавле и Кели роланд и Мишел Вилијмас, нејзините колешки од бендот „Дестинис чајлс“.
Кога прославата се завршила, Бијонсе за себе и за ќерката нарачала лосос и слатки. Блу Ајви на 7 јануари наполни две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


