| четврток, 6 декември 2018 |

Избрани членовите на Советот за етика на медиумите

Членовите на новоизбраниот Управен одбор ја избраа за заменик-претседател Ивана Костова од „Телеграф“, објави „Инпрес“. Одборот реши дека наредната недела ќе се објави оглас во согласност со статутот на СЕММ за формирање Комисија за жалби, која ќе има обврска редовно да се состанува и да решава по однос на примените поплаки од граѓаните за известувањето на медиумите. Комисијата ќе има седум члена од кои двајца ќе ги претставуваат сопствениците на медиумите, двајца новинарите по предлог на ЗНМ и тројца претставници ќе ја претставуваат јавноста. Во наредниот период СЕММ ќе работи на градење на капацитетите со цел телото да стане целосно оперативно и препознаено во јавноста.

СЕММ се формираше на основачко собрание на 19 декември 2014 година, на кое присуствуваа над триесетина претставници на електронски, печатени, интернет и регионални медиуми и претставници на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт на медиуми, Новинарскиот синдикат и Здружението на приватни електронски медиуми на Македонија во кое членуваат над 60-ина регионални и локални медиуми.

Управниот одбор, кој брои седум члена, го сочинуваат Марина Домазетовска од МПМ како претставник на печатените медиуми, Билјана Трендафилова од МТВ, Ивана Костовска од „Телеграф“ како претставник на интернет-медиумите и Сашо Митаноски од ЗПММ како претставник на регионални медиуми. По предлог на ЗНМ, Собранието за членови на Управниот одбор ги изгласа Исуф Кадриу од Алсат-М, Катерина Синадиновска од „Капитал“ и Драган Антоновски од интернет-порталот „Локално.мк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top