| четврток, 6 декември 2018 |

Љупчо Димовски најави субвенции за македонскиот овчарски пес, шарпланинец

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски во интервју за МИА најави субвенции и за македонскиот овчарски пес, Шарпланинец за идната година.

– За прв пат во 2014 година треба да се започне со пилотирање на агроеколошките мерки за дополнителни плаќања за македонските автохтони раси праменка, буша и македонскиот овчарски пес, шарпланинец – изјави Димовски.

Ова е една од новините во распределбата на земјоделските субвенции кои за 2014 година се во висина од 140 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top