| четврток, 6 декември 2018 |

За ЕУ односите со Русија не се како што беа, ја откажале вечерата со Путин

Европската унија ја откажа традиционалната вечера со рускиот претседател Владимир Путин, во текот на самитот Русија-ЕУ во Брисел, за да покаже дека „не е се како што било“, објавува „Нова Македонија“. Путин ќе допатува во посета на Брисел на 28 јануари, на самитот со функционерите на ЕУ и покрај затегнатите односи. Самитот обично трае два дена, но оваа година ќе биде завршен по еден ден, без вообичаената вечера. Тензиите меѓу ЕУ и Русија се зголемија лани, откако Брисел ја обвини Москва дека врши притисок на Украина да ги отфрли врските со европскиот блок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top