| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија украдена струја во вредност од 140 милиони евра

Кражбата на електрична енергија во Албанија достигна рекордно ниво и според министерот за енергетика и индустрија Дамиан Ѓикнури, истата минатата година достигнала околу 140 милиони евра, објави „Сител“.

Нагласувајќи дека енергијата е основа за економскиот развој на земјата, Ѓикнури, најави остра борба против овој феномен, како и високото ниво на создадени долгови, со цел да не се уништува домашната економија.

– Енергијата е регулиран продукт, таа е база на економскиот развој. Како што за човечкото тело е неопходна крвта, така и енергијата е за земјава. Владата како приоритет го стави елимирањето на овој феномен, изјави Ѓикнури, најавувајќи реформа на електроенергетскиот систем, со цел подобрување на услугата кон граѓаните и минимизирање на кражбата и загубата на енергија во мрежата.

Во елиминирањето на нелегалните поврзувања во електромрежата ќе биде вклучено и Министертвото за внатрешни работи.

– Кражбата на струја е криминал, затоа потребна ни е поддршка од полицијата и обвинителството. Дојде мигот да се засилат казнените мерки за крадците на струја, се закани министерот.

Крај на кражбите на струја и нискиот процент на наплата најави и премиерот Еди Рама, кој вети и подмирување на сите долгови по основ на потрошена електрична енергија од страна на државните и јавни инстиуции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top