| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид подготвен за Водици: Концерти на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски и хорот „Злата Мегленска“

Годинава празникот Богојавление-Водици, во Охрид ќе се прославува четири дена. Утревечер е организиран концерт на Жељко Јоксимовиќ во СРЦ „Билјанини извори“ на кој ќе настапи и македонскиот претставник во „Икс фактор“, Даниел Кајмакоски.

Билетите се веќе пуштени во продажба и сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на утрешниот концерт на балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, влезните карти можат да ги набават во музичката продавница „Зизи Топ“ и во продажните места на „Купи карти за се“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top