
Почна обуката на новоизбраните полицајци во Идризово кои беа избрани по објавениот конкурс за прием на 400 полициски службеници од октомври мината година.
-Како што претходно беше информирана јавноста на конкурсот објавен на 07.10 минатата година за прием на 400 извршители на работно место “полицаец“ беа пријавени вкупно 5.503 кандидати. По завршувањето на неколкуте фази на проверки во кои беа опфатени тестирања на физичките (моторички) способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и соодветните здравствени проверки кои беа спроведени од средината на ноември до средината на декември минатата година од вкупниот број пријавени, по принципот на рангирање, беа избрани 440 кандидати кои што во наредните месеци ќе бидат обучувани во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста во Идризово. Притоа со овие кандидати е потпишан Договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 15.01.2014 година, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
При изборот особено се водеше сметка за националната и половата застапеност на кандидатите кои во текот на интернатската обуката ќе поминат три образовни модули – јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи.
Секој од модулите е во траење од по четири месеци при што три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука а по еден месец практична, теренска обука.
По завршената основна обука од една година, Договор за вработување со МВР потпишуваат 400 кандидати согласно ранг листа изготвена од Центарот за обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Дваесет и двегодишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци


