Во Македонија намерно се абортираат женските фетуси, тврди европскиот комесар за човекови права, Нилс Муижниекс. Тој нагласува дека селективните абортуси на женскиот фетус добро се познати во Кина и во Индија, но и во некои земји од Европа, како и во Косово, Црна Гора и во Македониjа. Муижниекс смета дека селективните абортуси претставуваат дискриминација и треба да се забранат.
– Тоа е голема дискриминација. Се загрозува положбата на жената во општеството. Мора енергично да се бориме против таквата ситуација и тоа треба итно да се забрани со закон – изјавил Муижниекс изложувајќи ги своите анализи во Брисел.
Земјите-членки на Советот на Европа се вознемирени од односот кон нееднаквоста на машки и женски деца, практика која според ЕУ е присутна во Ерменија, Азербејџан и Грузија, но, исто така, и во некои балкански земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.