| четврток, 6 декември 2018 |

Денес никој не ве „лајкува“? „Фејсбук“ е крив!

Помина повеќе од половина ден, а вие сѐ уште немате ни едно „известување“ на вашиот профил на „Фејсбук“? Никој не ви го „лајкнува“ последниот статус? Не грижете се, сѐ уште им сте драги на вашите пријатели, но не и на „Фејсбук“.

Дерек Милер, еден од авторите на научно-образовните емисии на „Јутјуб“, „Веритасиум“, верува дека вашите пријатели, всушност, не го ни виделе вашиот статус, пишува „Хафингтон пост“.

Милер верува дека ова се случува поради промените во алгоритам на почетната страна на „Фејсбук“. Сѐ потешко е да се видите што споделиле вашите пријатели, а во истовреме и вашите споделувања се потешко видливи за другите. Милер вели дека главната причина за овие промени е новата монетарна стратегија на Марк Цукерберг, со која ако сакате да го промовирате вашиот статус на повеќе пријатели , ќе мора да платите.

Најголемата штета од овие неодамнешни промени претрпеа интернет медиумите, кои своите статии ги споделуваат на нивната официјална страница на „Фејсбук“, од каде им доаѓаат и најголемиот број читатели и посетители.

Повеќе детали во видеото на Милер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top