Еве дел од изумите за кои се смета дека можеби ќе се појават во иднина.
1. Да се создадат авиони на струја

Авионската индустрија се обидува да ја зголеми ефикасноста на горивото, бидејќи се очекува вистинска “експлозија” на воздушниот сообраќај до 2031. Причината е првенствено раст на стандардот во развиените земји.
Во моментов, постојат неколку потенцијални решенија, а на еден од нив смета и НАСА. Идејата е да се произведуваат авиони со 50 отсто помала потрошувачка на гориво, а напредните навигациски сиситеми треба да го скратат времетраењето на летовите. Што се однесува за пократко растојание, во план се авиони кои ќе се полнат на струја или дури и на соларна енергија.
2. Напојување на микро уреди

Хари Греј, хемичар од Калтека, заедно со своите колеги, работи на минијатурни батерии кои од една страна имаат метални оксиди, а на друга силикони. Металните оксиди треба да ја апсорбираат сончевата светлина со кратка бранова должина и собраната енергија да ја користат за кршење на морска вода во кислород и протоните.
Силиконската да ја апсорбираат сончевата светлина т.н. црвено светло и да ги комбинираат протоните со електрони. Протонот заедно со електронот создава водород, а всушност тој би можел да се користи во иднина за производството на моторни горива. Овој начин може да биде 10 пати поефикасена верзија на фотосинтеза, но Греј вели дека за уред со поголеми димензии нема може да се говори со децении.
3. Ви- Фи во спреј

Метежот во мрежата ќе расте со зголемување на бројот на “паметни” телефони и таблети, а ограничувањето на пристапот не е одговор. Дополнителен проблем создава и ретко населени области кои провајдерите не ги покриваат со квалитетен сигнал.
Сепак, решението не може да биде антена Ви- Фи спреј на кој работи „Чаттич ентерпрајс“, а станува збор за течност исполнета со нано-кондензатори кои, кога се внесуваат во уредот, далеку подобро примаат сигнали при создаваќи при тоа евтини броадбенд Ви-Фи хотспотови.
4. Да се игради облакодер од дијамнати
Дијамант е еден од најтврдите материјали кои ги познава човекот. Тој е позирен, не создава триење и одличен е за спроведување топлина. Некои научници дошле до идејата дека токму дијамантот може да го замени челик во изградба на високи згради.
Се разбира, проблемот е достапноста на дијаманти, но можно е да се подобри технологија за производство на многу поевтини дијаманти, со цел да се користат во градење. Исто така, применливоста на дијаманти не е ограничена само на изградба, туку и за производство на делови за авиони и вселенски летала.
Ова се само дел од изумите, а да не заборавиме дека информатичарите предвидуваат во иднина луѓето да имаат во глава и мини комјутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


